Religija i obrazovanie
(makedonski)
Vrsta: Seminarski | Broj strana: 5 | Nivo:
Pedagoški fakultet
Вовед
Џон Дјуи-“таткото на прогресивното образование“,
за време на неговата активна работа има добиено многу признанија и
награди,“никој повеќе не може да влијание врз размислувањето на образованите
работници во оваа земја ", рече тој, и тој напишал:" Не постои Бог, и
нема душа. Значи, нема потреба од реквизитите на традиционална религија. Без
догми и верувања и непроменливата вистината е мртва и погребана. Нема простор
за цврсти закони на природата или трајни апсолути."
Религијата претставува еден од најкомплексните
општествени феномени. Во историјата на проучувањето на религијата постоеле
различни пристапи во кои таа била третирана од аспект на религиско учење, од
аспект на нејзината филозофска димензија, како и од аспект на социолошкото
значење на овој сложен општествен феномен.
Како историски и општествен феномен религијата
им се измолкнува на сите обиди за дефинирање. Религијата, општо претставува
секое верување во апсолутна и мистична моќ. Типични својства на религијата се :
таа има своја филозофија и свое учење
претставува посебно искуство на човекот
секоја религија има свои ритуали
има свои симболи
има свои вредности
има своја организација која ги собира верниците
и институции
Секоја религија има четири својства поврзани со
своето настанување. Тоа се: анимизам, тотемизам, фетишизам и магија.
Анимизам претставува верување дека духот на
предците живее после смртта, а во некои религии се верува дека тој дух бдее над
живите.
Во христијанската религија постои учење за
Светиот дух кој преставува божествен ум кој се гледа и се знае.
Тотемизмот се состои во верување дека тотемот
или заштитниот знак ги штити верниците од лошите сили и дека претставува врска
на божјото како олицетворение на општите моќи и разумот. Тотемот може да биде
насликан на посебни предмети како што е тотемскиот столб кај индиските племиња.
Кај христијаните тотемска моќ има крстот, а во исламот полумесецот и ѕвездата.
Фетишизмот претставува верување дека постојат
предмети кои имаат фетишка моќ, кои го чуваат човекот од лоши сили и носи среќа
или на човекот му даваат моќ , го заштитуваат од болести и сл. Во исламаската
вера фетишка моќ има Куранот, кај христијаните Библијата, иконите, кандилото,
олтарот и др.
Магијата се состои во тоа дека луѓето веруваат
дека со одредена работа ќе воспостават врска со возвишени мистични сили, па и
со Бог.
Филозофија на религијата или религиското учење
ги следи сите религии. По правило ова учење се заснова на митови. Митот
преставува мистична приказна за боговите, хероите или случувањата кои имаат
натчовечки белези и кои радикално учествувале во животот на луѓето. Митовите и
легендите како основа на религиското учење го олеснувале ширењето на верата.
---------- CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU. ----------
MOŽETE NAS KONTAKTIRATI NA E-MAIL: [email protected]
maturski.org Besplatni seminarski Maturski Diplomski Maturalni SEMINARSKI RAD , seminarski radovi download, seminarski rad besplatno, www.maturski.org, Samo besplatni seminarski radovi, Seminarski rad bez placanja, naknada, sms-a, uslovljavanja.. proverite!